Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Жрк Вардар ја победи Данската репрезентација, на првиот контролен натпревар
Жрк Вардар ја победи Данската репрезентација, на првиот контролен натпревар

Жрк Вардар ја победи Данската репрезентација, на првиот контролен натпревар

Вардарки беа поуспешни од репрезентацијата на Данска, на првиот од двата контролни натпревари кои ќе се одиграат во Скопје. Во текот на целиот натпревар нашите девојки имаа предност и во ниту еден момент не беше доведен во прашање триумфот. Само на почетокот скандинавките поведоа, во продолжение се беше во доминација на Вардар. На голот повторно ја имавме одличната Амандин Лејно, која ја направи резултатската разлика. На средината на првото полувреме се одлепивме на четири гола преdност, благодарение на Лејно која одбрани и два седмерци. Се играше брз ракомет на двете страни, Данките се обидуваа до крајот на првиот дел да ја намалат разликата. На спротивната страна црвено-црните играа се подобро, па на полувреме се замина со резултат 13:8.

Мечот имаше сличен тек и во вторите 30 минути. Питлик и Кастратовиќ направија неколку измени во составот, давајќи им шанса да влезат во игра на сите ракометарки. Резултатски не се смени ништо, се одржуваше таа позитива на нашиот тим од 3-5 голови. Во еден момент имавме највисоки шест голови, тој период беше клучен за конечната победа на овој дуел. Во последните 10 минути, Данската репрезентација направи мала серија, но нашите ракометарки го контролираа натпреварот. За одбележување во второто полувреме е влегувањето на Ина Суслина, која успешно ја замени одличната Лејно. Своето деби во црвено-црниот дрес го имаше младата Сара Ристовска која од неодамна го засили нашиот шампион. Во екипата по подолго време се врати и Јованка Радичевиќ. Конечниот резултат гласеше 34:30.

Најефиксна во нашите редови беше Зебиќ со шест голови, Лекиќ и Лазовиќ постигнаа по 5, а Дамњановиќ даде 4 голови. Лејно имаше 9 и Суслина 8 успешни интервенции. Вечерва со почеток од 19 часот исто така во С.Ц.Јане Сандански се игра вториот контролен натпревар со оваа репрезентација.