Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Комити > КОМИТИ: Реакција на поклопувањето на термините и одлуката да се влегува на ракомет само до 17часот
КОМИТИ: Реакција на поклопувањето на термините и одлуката да се влегува на ракомет само до 17часот

КОМИТИ: Реакција на поклопувањето на термините и одлуката да се влегува на ракомет само до 17часот

Фудбалската мафија во коалиција со квази Вардарците!
Во обид за создавање на раздор во Комитското ткиво повторно се здружија ‘опонентите’. Тажно звучи но за жал е вистинито, ФФМ прават коалиција со оние кои треба да ги бранат интересите на Вардар, против интересите на Вардар!
ФФМ против Ракометот, но можеби е подобро да се членуваат по име и презиме гробарите на Македонскиот спорт. Во ФФМ се нема слух, а во Вардар аплаудираат, терминот на одигрување на фудбалското дерби се поклопува со ракометниот спектакл во Јане Сандански! Во чив интерес е сето тоа? Навистина чудно како е возможно тоа да се случи имајќи предвид дека календарот на ЕХФ уште поодамна е најавен, и се имаше безброи можности да се адаптира согласно специфичната ситуација во која се најде Вардар.
Дали господата во ФФМ а најверојатно и со амин од квази Вардарците со овој чин се ситат на навивачите на Вардар? Дали толку лично ги погоди скандирањето од целиот стадион кон нив “ФФМ Мафија”, ”ФФМ Мафија”?
Апелираме до Комитите кои во срж и до коска се Вардарци, во чии вени тече крв Македонска, оние на кои коските, мускулното ткиво, секоја клетка од нивното битие им е црвено-црна, да останат достоинствени, да не дозволат да бидат жртви на срамната политика и стратегија на квази Вардарците за поделба и раздор, да не дозволат да бидат посочени како исклучоци од својот вид и да бидат искористени во пропагандни цели против армијата на која и припаѓаат.
Нашиот повик и апел е јасен, Гратис влезници не прифаќаме! Секој повик, апел и инсистирања од трети страни во друг правец се неприфатливи, се крајно безобразни и се со единствена намена за предизвикување на раскол. Не е можно некој кој себеси се декларира како Вардарец да понуди и нуди вакви непристојни предлози и решенија, вчудоневидени и крајно сме изненадени. Зарем Вардар почна да го води одамна во историјата заминатата ‘УДБА’? Ова се нивни методи!
Секој кој има трошка чест, секој кој знае да препознае и разликува непристоен предлог од искрена намера, овој повик ќе го отфрли како срамен. Сите сакаме да бидеме покрај нашата ракометна и спортска гордост Вардар, нема еден кој не посакува, но дали и по цена на прегазување на сопственото достоинство, принципи и верувања? Фрапирани сме од варварскиот пристап, неконвенцијална и неморалната инсинуација, од крајно понижувачкиот однос со кој квази Вардарците ги третираат оние кои за Вардар и живот би дале!
Нашиот став е јасен, Фудбалскиот дуел а потоа Ракометниот. Болни се идеите за креирање на конкуренција помеѓу двете души а истото тело, тоа е исто како мајката да поттикнува конфликт помеѓу свои деца…дали е тоа возможно? Ние недвосмислено бараме билетите за ракометниот спектакл да се продаваат во билетарата, а упорно ни се нудат Гратис влезници и дури по цена да не го следиме фудбалскиот меч за кој исто така ќе платиме влезница. Ова не е вистина, ова не е вистина, ова не е вистина…Кој ли е креаторот на овие мрачни идеи?
Повторно апелираме до сите Комити и искрени Вардарци да не подлегнуваат на овие бедни и подли сценарија, да останат присебни, и покрај понижувањата кои ни се нанесуваат, машки, стоечки да издржиме, затоа што оние кои носат вакви одлуки, одбираат ваков начин на комуникација со нас, не може да се дел од нас, тука има нешто труло, нешто што гние и од што треба Вардар да се ослободи што поскоро.
Недела, 27.09.2015 ФК Вардар – ФК Работнички – Собир Фонтана Парк 13:30ч. Секој влегува во нашиот втор дом со уредно купен влезен билет. По натпреварот на Градски оставаме на совеста на секој поединец!
Нека биде ова тест за тоа колку вредиме и до каде сме со моралните вредности.

На ‘туристите’ и останатите љубители на ракометот им порачуваме што побрзо да си ги подигнат билетите кои гратис ќе се делат пред сала, и нека пазат како се однесуваат на трибина, таму до скоро газеа и повторно ќе газат момци со чест и чисто срце кое му припаѓа само на Вардар!

Гази Вардаре!!!