Поранешниот македонски репрезентативец Милован Петровиќ е можно ново засилување за шампионот Вардар.
И двете страни веќе извесно време се во контакт, па нема да биде ништо неочекувано доколку во текот на овие неколку денови падне и потпис на договор со Петровиќ.
Се работи за добро познато фудбалско име во нашата држава. Петровиќ има 30 години. Во својата фудбалска кариера има настапувано за екипите на Работнички, Победа и Тиквеш, а има и интернационално искуство со играње во екипите на Осијек, Сепси, Лариса и Сутјеска, кој му е и последен клуб. За репрезентацијата на Македонија има одиграно девет натпревари.
Вардар до овој момент се засили со Бојан Најденов, Дејан Блажевски, Филип Петковски, Виктор Велковски, Стефан Лазаревиќ, a ново име треба да биде и голманот Андреја Ефремов.