Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Мустафи Фатон главен арбитaр на мечот Металург-Вардар
Мустафи Фатон главен арбитaр на мечот Металург-Вардар

Мустафи Фатон главен арбитaр на мечот Металург-Вардар

 Фатон Мустафи од Тетово е делегиран за главен арбитар на правдата на денешниот дуел на Вардар и “фенерџијата“ Металург. Овој дуел ќе се одигра денес со почеток во 13 часот и 30 минути на  стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари.

Фудбалската федерација за помошници ги делегираше Небојша Ѓорѓиевски од Брвеница и Дарко Јовчевски од Тетово, а четврти судија на мечот ќе биде скопјанецот Константин Влахо. Делегат на ова соочување на двата скопски ривали ќе биде  Сашо Андонов од Свети Николе, а контролор на судењето е Љубе Ристевски од Демир Хисар. Ова меч во рамки на 13.коло во првата македонска фудбалска лига во кој црвено-црните влегуваат како изразит фаворит во дуелот со огромни 25 бода позитива во однос на зелено-белиот млад фудбалски колектив .