Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ВИДЕО СТРИМ! Металург- Вардар 13-30 часот
ВИДЕО СТРИМ! Металург- Вардар 13-30 часот

ВИДЕО СТРИМ! Металург- Вардар 13-30 часот

Дуелот од 13.коло во првата македонска фудбалска лига помеѓу домаќинот последнопласираниот тим во лигата ФК Металург и лидерот на македонската лига Вардар ќе може да го проследите низ директен пренос преку видео стрим. Црвено-црните по 12 кола имаат 30 бода, а домаќинот  “фенерџијата“ Металург има само 5 освеоени прволигашки бодови.

Мечот се игра на стадионот “Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари со почеток во 13 часот и 30 минути. Првиот дуел помеѓу овие два ривала од нашиот главен град Скопје заврши со минимална победа од 1-0 за Вардар. Судиската тројка делегирана на натпреварот за главен судија го има Мустафи Фатон од Тетово. Директниот пренос од мечот на стадионот “Б.Трајковски “ ќе може да го следите на следниот линк.