Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > ТВ Пренос од денешниот меч Вардар јуниор-РК Работнички 18часот
ТВ Пренос од денешниот меч Вардар јуниор-РК Работнички 18часот

ТВ Пренос од денешниот меч Вардар јуниор-РК Работнички 18часот

Во рамките на 8-коло во најсилната македонска ракометна лига-Супер лигата денеска во  С.р.ц “Кале“ нашите млади ракометари од тимот на Вардар Јуниор  ја пречекуваат екипата која годинава има квалитетен тим, нов спонзор и амбиции во македонскиот ракомет тимот на РК Работнички.

Судии на натпреварот се делегирани од РФМ : Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, а делегат Ацо Николовски. Ова градско дерби е закажано со почеток во 18-00 часот и од истото ќе можете да проследите директен телевизиски пренос на македонската радио и телевизија. Мечот државната телевизија ќе го дава на собранискиот канал. Ова е втор пренос реализиран оваа сезона од МТВ на натпреварите на нашиот РК Вардар јуниор од суперлигашката конкуренција. Во првиот меч пренесуван на ТВ избраниците на Пепи Манасков го совладаа тимот на РК Тинекс Пролет-`62. Работнички во пресрет на овој дуел се наоѓа  на второто место од табелата во Супер лигата, тие имаат само 1 пораз во досегашниот дел од првенството и со 18 бода се на 6 позитива од црвено-црните кои со  12 бода  се петопласирани едно место под посакуваното четврто кое носи во плеј-оффот.