Ракометарките на Ѓорче отворија со 0-1, но брзо покажавме дека на овој дуел ќе доминираме, следеше серија на нашите девојки од 4-0 со што отидовме во почетните минути на солидни три плус погодока. Гостинките се обидоа да фатат приклучок и намалија на 4-2, но за нив наместо враќе во мечот следеше ново полнење на нивната мрежа со серија од 7-1, резултатот на семафорот беше 10-3. Во тој момент веќе и ако рано уште во средината на првиот дел се насетуваше сигурната победа на дуелот. Мечот наликуваше на тренинг за нас, поради очигледната разлика во квалитет помеѓу тимовите.
Ракометарките на Вардар до полувремето успеаа да го зголемат водството на 15-6. Само што стартуваше вториот период првпат ја минавме границата од 10 гола предност со погодок за 16-6. Гостинките во следниот напад намалија повторно на едноцифрени 9 гола предност, но следуваше “канонада“ кон нивниот гол. Вардарки постигнаа 7 гола, а непримиа ниту еден со што отидовме на резултат 23-7. Од минута во минута се зголемуваше и предност, кое во еден момент отиде и на плус 17 т.е 29-12 , 30-13. До крајот по овој резултат се играше игра гол за гол, дуелот заврши со резултат 34-27. Вардарки се зацвртиа на лидерската позиција по оваа победа.
Вардар јуниор: Белмезова, Прленда 7, Петровска 1, Стојановска 2, Трпковска 3, Николовска 3, Митова 9, Ладева, Тодоровска, Нолевска 4, Трајчева 2, Керамитчиева 2, Мишевска, Гичевска 1.