Нема одмор за младите генерации на фудбалскиот клуб Вардар, кои продолжуваат со настапите во детската лига. Денес се играше 5 коло во ова натпреварување, на кое настапија Вардаровите генерации “2004“ и “2005“.
Нови лесни и големи победи за генерацијата “2004“ која ја предводи Филип Арсовски. Двете екипи забележаа убедливи триумфи и ја потврдија својата доминација.
Фк Вардар (1) на денешниот меч, за противник го имаше тимот на Фк Пантери. Разликата во квалитет беше голема и во неколку класи, на страната на младите Вардарци. Конечниот резултат гласеше 13:0. Самиот резултат говори за супериорноста и надмоќноста на црвено-црните на овој меч. Рутински го одработија денешниот дуел и запишаа нови бодови во лигата.
Фк Вардар (2) исто така имаше убедлив настап, против своите врсници од екипата на Спорт ефе. За утеха и паметење ќе им биде постигнатиот гол на противничкиот состав во мечот против нашите надежи. Резултатот гласеше 7:1, Вардарци доминираа на теренот и на крај заслужено се радуваа.
Во 5 коло на детската лига, свој меч одигра и генерацијата “2005“ , но само едниот тим. Вардар 2 беа слободни во ова коло.
Фк Вардар (1) генер. “2005 беше поуспешен од тимот на Ринија, со високи 8:2. Без поголеми проблеми и со половина од своите сили, оваа генерација оствари лесна победа.
Стрелци: Дарко Сековски 3 гола, Никола Величковски 2, Лука Јакимовски 1, Матеј Николовски 1, Давор Лефковски1