Утре на програмата е ново коло во ПМФЛ. Нашиот тим е гостин на скопски Металург. Овој натпревар како што е добро познато ќе се одигра на стадионот во населбата Маџари од 13 часот и 30 минути. Нашиот тим е апсолутен фаворит на оваа средба, против ”фенерџијата” во првата лига. Како мала споредба, до ова коло, нашиот Вардар има примено само пет погодоци, додека пак екипита на Металург има постигнато само пет погодоци. Овие податоци говорат за какви две екипи станува збор оваа сезона.
На последните пет натпревари помеѓу овие два скопски тима, статистиката секако дека е во полза на ФК Вардар. Црвено – црните имаат пет последувателни победи против зелените од железарница. Оваа сезона нашиот тим како домакин го пречека тимот на Металург на стадионот во Ѓорче Петров, каде што победи со резултат 1:0, минатата сезона вардарци како домакини славеја со 2:0, односно 2:1. во 2014 година Вардар му испорача седум парчина на ФК Металург на две средби, победувајќи го со 3:1, односно 1:4 како гостин. Очекуваме победничката низа да продолжи и утре.