Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Најава: Вардар – Брегалница
Најава: Вардар – Брегалница

Најава: Вардар – Брегалница

Утре на програмата е 14-сетото коло во ПМФЛ. Лидерот на табелата, црвено – црниот тим на ФК Вардар ја пречекува екипата на Брегалница од Штип. ФК Вардар пред ова коло влегува како лидер на табелата во ПМФЛ, со освоени 33 бодови, додека пак Брегалница досега има освоено 13 бода, и се наоѓа на 7-мата позиција на табелта.

Овие два тима веќе еднаш се сретнаа оваа сезона, на 29.08.15 нашиот тим како гостин во Штип ја совлада екипата на Брегалница со резултат 2:0, стрелци на головите на тој натпревар беа: Блажевски и Фелипе. Брегалница шест натпревари по ред незнае за победа во ПМФЛ. Натпреварот започнува утре со почеток во 13 часот.