Денес продолжи да се игра детската лига и тоа шестото коло. Повторно со своите настапи активни беа Вардаровите генерации, родени “2005“ и “2007“ година.
Фк Вардар генер. “2005“ се натпреваруваше со своите две екипи, кои забележаа победи во ова коло.
Фк Вардар(1) за противник го имаше Фк Скупи. Без поголеми проблеми избраниците на Зоран Петковски однесоа уште еден триумф во ова натпреварување. Конечниот резултат гласеше 5:2. Уште по првото полувреме имавме солидно водство од 3:1. Никола Величковски беше стрелец на два погодоци, по еден зад името на Зоран Фидановски, Давор Лефковски и Филип Јовановски.
Фк Вардар(2) со пресврт во вториот дел успеаа да го победи тимот на Фк Кул. По првото полувреме имавме негатива од 2:3. Сепак во вториот дел дојде до израз квалитетот на нашите млади надежи, кои ја наполнија мрежата на противникот, за конечни 6:3 на овој дуел. Петар Пројковски и Горјан Цветков беа стрелци на два погодоци. По еднаш погодија Филип Крстиќ и Стефан Наумовски.
Активни во ова коло беа и момците на Томче Трајановски, Фк Вардар генер. родени “2007“ година. Исто така настапија со два тима и забележаа победи.
Фк Вардар(1) целосно ги надигра своите врсници од Македонија Ѓ.П, победувајќи ги со резултат 6:0. Можеби според имињата на екипите требаше да биде дерби меч, сепак црвено-црните не пропуштија ништо на случајноста, па до врв ја наполнија противничката мрежа. Петар Мицевски имаше свое гол “шоу“ успевајќи дури четири пати да постигне гол. Лео Манчев и Војо Стојановски додадоа по еден погодок за Вардар.
Вардар(2) пак беше подобар од тимот на Спорт Ефе. Конечниот резултат на овој натпревар беше 3:2. Малку потешко од очекувања , црвено-црните триумфираа на овој дуел, за нови бодови на табелата во детската лига. Стрелци за Вардар беа: Стефан Младеновски(2) и Борјан Томовски.