Нашиот стандарден млад играч, Бобан Николов по половина месец пауза поради повреда, овој викенд се враќа, и му се наметнува на шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски. Николов ги пропушти средбите со Шкупи, Шкендија, Младост ЦД и Металург. Исто така Николов е на списокот на селекторот Милевски за Македонската фудбалска репрезентација до 21 година, за претстојниот меч со селекцијата на Франција.