Во следниов наш текст ќе ви ги изнесеме најдобрите три стрелци, во сите четири генерации на ФК Вардар кои се дел од младинските лиги, а се однесуваат на натпреварувачката сезона 2018/19.
Помладите пионери, или генерацијата 2003, која беше единствената која успеа да освои двојна круна, минатата сезона го имаше расположениот Георг Стојановски кој заврши како прв најдобар стрелец во Вардар. Гео сезоната ја заврши со 28 постигнати голови, или како трет најдобар стрелец во помладата пионерска супер лига.
1. Георг Стојановски 28
2. Славче Живков 5
3. Харим Алими 4
Генерацијата 2002 која минатата сезона настапуваше во пионерската лига, исто така имаше само еден играч кој се издвојуваше според бројот на постигнати голови. Се работи за Азер Омерагиќ кој беше најефикасен играч кај црвено-црните постигнувајќи 25 голови. Инаку вардаровиот напаѓач заврши и како најдобар стрелец во пионерската супер лига, со дури седум голови повеќе од вториот најдобар стрелец во лигата, тоа беше Ерем Парталко од Академија Пндев, кој имаше 18 голови.
1. Азер Омерагиќ 25
2. Мартин Радуловиќ-Величковиќ 7
3. Леонид Игнатов 5
Интересна беше листата на најдобри стрелци, кај кадетите, после завршување на минатата сезона, односно најдобриот стрелец немаше постигнато повеќе од шест голови, а водечки беа двајца играчи.
1. Леонид Игнатов и Малик Хасановиќ по 6 гола.
2. Давид Ристовски и Мартин Спировски по 4
3. Филип Манасиевски 3
Кај младинците на ФК Вардар кои минатата сезона го освоија купот на Македонија, најдобар стрелец беше Мустафа Јусуф со 21 постигнат гол. Овој играч беше и втор најдобар стрелец во маладинската фудбалска лига за минатата сезона.
1. Мустафа Јусуф 21
2. Давид Велковски и Џемал Ибиши по 12
3. Александар Ѓорѓиески, Александар Младеновски и Фитор Реџепи по 7 голови.