Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Ѓорѓиевски, Маркоски, Даци и Аломеровиќ ја одбележаа сезоната 2014/15, според бројот на постигнати голови
Ѓорѓиевски, Маркоски, Даци и Аломеровиќ ја одбележаа сезоната 2014/15, според бројот на постигнати голови

Ѓорѓиевски, Маркоски, Даци и Аломеровиќ ја одбележаа сезоната 2014/15, според бројот на постигнати голови

На ред е натпреварувачката сезона 2014/15 и играчите од вардаровите генерации кои беа најдобри стрелци во своите категории. Сезоната ја одбележа Марко Ѓорѓиевски кој успеа да постигне најмногу голови во сите четири младински лиги во таа сезона. Поранешниот голгетер на Вардар, кој оваа сезона е дел од екипата на Вождовац, во српската лига, во сезоната 2014/15 постигна 31 гол или еден повеќе од Јани Атанасов од Академија Пандев, кој заврши со 30 голови.

Ова се најдобрите три стрелци во сите генерации на Вардар:

Помлади пионери:

1. Марко Ѓорѓиевски  31

2. Јакуп Бериша, Кренар Дарлишта и Мартин Филипоски по 8

3. Кристијан Ристовски 4

Пионери:

1. Дејан Маркоски 13

2. Александар Трајчевски  8

3. Филип Таневски  4

Кадети:

1. Ердон Даци  19

2. Есмин Личина  14

3. Јасир Беќири  12

Младинци: 

1. Дин Аломеровиќ  10

2. Кристијан Апостоловски  6

3. Петар Петковски и Енсар Сулемани по 5