Во време на паузата во сите лиги поради пандемијата предизвикана од Корона вирусот, креативноста доаѓа до израз. Па така најверните поддржувачи на пионерскиот тим на ЖРК Вардар, нивните родители реализираа еден интересен потфат. Направија сложувалка со нивна фотографија, истата е одлично изработена.
Станува збор за комплексна сложувалка со 1.000 парчиња која овозможува долг период на забава во моментите кога секој има слободно време во големи количини. Истата е со димензии 700х470 милиметри.
Видеото од сложувалката може да го погледнете на следниот ЛИНК!