Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Започнаа напорните тренинзи во Австрија
Започнаа напорните тренинзи во Австрија

Започнаа напорните тренинзи во Австрија

Започнаа напорните тренинзи во Австрија за момците на Сергеј Андреев. По вчерашниот напорен ден, со два тренинга, напладне и попладне, момците имаа мирна и пријатна вечер. На денешниот тренинг се приклучи и најновото засилување Дарко Велковски, кој првиот тренинг го мина индивидуално само со трчање, а вториот попладневен го мина со остатокот од екипата.

Денес Вардарци продолжуваат во исто темпо, напорно, со два тренинга, еден напладне, и еден во попладневните часови. Температурата во Австрија е идеална за тренинг, околу 23-24 степени.

Горан Попов се очекува да и се придружи на екипата во Австрија.

Фото: fkvardar.mk