Денес утрово на останатата експедиција во Бад Татцмансдорф- Австрија се приклучи и рекорерот по најголем трансфер во мак.фудбалот Дарко Велковски . Велковски вчера го официјализираше својот договор со ФК Вардар . Истиот утрово пристигна и ја одработи првата “епизода“ како црвено- црн фудбалер. Дарко имал лесен утрински тренинг со остатокото од екипата .
Другите момци имале потежок тренинг со акцент на физичката подготовка . За истата е задолжен српскиот стручњак кондициониот тренер на црвено- црните Михајло Костиќ . Уште еден тренинг момците ќе имаат попладнево по одморот кој го практикуваат помеѓу два напора. Освен Велковски кој имал полесен тренинг заради долгиот пат надвор од тимот индивидуално тренираат и Глишиќ , Ивановски и Темелков . На момците треба да им се приклучи уште Горан Попов кој има поштеда од стручниот штаб и продолжен одмор .
фото.фквардар.мк