Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Мега трансфер: Велковски три години во Фк Вардар!
Мега трансфер: Велковски три години во Фк Вардар!

Мега трансфер: Велковски три години во Фк Вардар!

Готово е! по повеќе од три дена интензивни преговори, подадена беше рака денеска, и Дарко Велковски ќе стане нов играч на шампионот на Македонија Фк Вардар.
Конечно челните луѓе на двата клуба дојдоа до заеднички јазик. Па и не беше така лесно, со оглед на фактот што се работи за голема сума на пари кој Вардар ќе ја плати за оштета на Работнички.

Најголемиот млад тален во нашата земја Велковски дојде во Вардар, нема многу време за импресии и размислувања, тој утре рано наутро патува за Австрија каде ќе им се приклучи на новите колеги, овој пат во црвено – црни бои.
Добредојде Дарко Велковски во Вардар!
Фото: fkvardar.mk

Се работи за мега трансфер: Над 100.000 евра управата на Вардар ќе плати за услугите на 20 годишниот Дарко Велковски.
Ова е најголем трансфер во историјата на нашиот фудбал!