Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Рк Вардар ќе игра во главните групи “А и “Б“ во Лигата на Шампионите
Рк Вардар ќе игра во главните групи “А и “Б“ во Лигата на Шампионите

Рк Вардар ќе игра во главните групи “А и “Б“ во Лигата на Шампионите

ЕХФ од следната сезона драстично го променува системот на натпреварување во Лигата на Шампионите. Исто ќе има четири групи, но сега многу поразлично од системот кој функционираше во претходните сезони.

Инаку нашиот Шампион, екипата на Вардар се најде во групите А и Б, односно во најсилната конкуренција. Тука ќе бидат сместени екипите на : Кил, Барселона , Веспрем, Киелце, Загреб, Колдинг, Целје, Фленсбург, Кристајнштад, Монпеље, Псж, Висла, Рајн Некар-Левен, Висла, Бешикташ и нашиот Вардар.

Во останатите послабо рангирани групи Ц и Д, ќе бидат сместени екипи од понизок ранг и квалитет. Во овие групи се најде уште Македонски преставник, екипата на Металург која доби можност од ЕХФ да се натпреварува во групната фаза на ЛШ. Покрај клубот од Автокоманда во овие групи ќе бидат сместени и тимовите на: Војводина, Порто, Шафхаузен, Брест Мешков, Баја Маре, Натурхаус, Скјерн, Чеховски Медведи, Татран Прешов, и Мотор Запорожје. За дополнително место во групите Ц и Д, преку квалификации ќе се борат тимовите на Апла Хард, Лимбург, Боирац Бања Лука и Елверум од Норвешка. Главната ждрепка за конечните групи, ќе биде одредена на 26 јуни во Виена. Во групите А и Б ќе се натпреваруваат по 8 екипи, а во останатите по 6 екипи.

Како ќе се одвива натпреварувањето после одигрувањето на мечевите во групната фаза: Двете најдобри екипи од најсилните групи А и Б, ќе обезбедат директен пласман во четврт-финалната рунда. Тимовите што ќе најдат од 2-6 место на табелата исто така ќе обезбедат пласман во следната рунда(осминафинале), каде ќе играат во дуел со една од екипите кои се во пониската конкуренција. Инаку да напоменеме дека од следната сезона борјот на екипи порасна за 4, односно на 28 од претходните 24 тимови, кои се бореа за најголемиот примат.