Црвено-црните девејки трета сезона по ред ќе играат во најголемото натпреварување-Лигата на Шампионите. Ова ќе биде втора година откако обезбедуваат директен пласман во групната фаза, откако претходно една сезона мораа преку квалификациски турнир да се изборат за оваа фаза. За разлика од натпреварувањето во машката конкуренција, системот кај жените ќе остане непроменет. Екипите ќе бидат поделени во четири групи, во секоја ќе има по четири екипи. Директен пласман во групата обезбедија следниве тимови: Жрк Вардар, Крим Меркатор, Митјиланд, Будуќност, Савенхоф, Подравка, Ларвик, Хипо, Букурешт, Флери, Лублин, Ростов-Дон, ФТЦ и Турингер.
За останатите две слободни места, ќе се борат осум екипи, меѓу кои е и поранешниот Европски првак екипата на Ѓер. Унгарките имаа многу слаба сезона, отккао во1/4 беа елиминирани токму од Вардарки. Во првенството доживеаа неуспех од нивниот најголем конкурент, екипата на ФТЦ. Можноста да се најдат во групите ќе ја имаат уште и тимовите на : Ѓер, Раднички, Есбјерг, Минск, Баја Маре, Анкара, Далфсен, Гласверкет.
Главната ждрепка ќе биде на 26 јуни во Виена. Вардарки оваа сезона ќе се обидат да ја пробијат пречката и да одат понапред од третото место. Секако дека имаме тим за највисок дострел и следната сезона ќе атакуваме на тронот.