Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Настап за вардаровите играчи со фудбалските селекции до 17 и 19 години
Настап за вардаровите играчи со фудбалските селекции до 17 и 19 години

Настап за вардаровите играчи со фудбалските селекции до 17 и 19 години

Две младински фудбалски селекции на Македонија, за кои настапуваат играчи од Вардар се активни со своите настапи.

Селекцијата до 17 години го забележа и вториот пораз на квалификацискиот турнир во Полска, овој пат од селекцијата на Белгија, од која бевме поразени со резултат 3:1. Во стартниот состав на Македонија се најдоа и двајца играчи кои се дел од вардаровите пионери. Се работи за Андреј Стојчевски и Филип Ѓоргоски. Со овој пораз избраниците на Горан Станковски ги загубија сите шанси за пласман во Елитната фаза, па последниот дуел против Лихтештајн ќе биде само за да се избегне последното место во групата.

Првиот од двата пријателски мечеви со Кипар, одигра селекцијата до 19 години. На стадинот во Маџари, избраниците на Горан Станиќ го победија Кипар на првиот контролен дуел, со резултат 2:1. Во првите 11 за овој меч се најдоа голманот, Матеј Андов и Александар Ѓурковски. Вториот дуел на овие репрезентации ќе се одигра денес.