Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Нека продолжи победничката низа од Кратово!

Нека продолжи победничката низа од Кратово!

11025124_772106566217693_71705506187725299_nПролонгираниот натпревар од 19-тото коло од ПМФЛ, помегу Вардар и Металург кој беше одложен, ќе се одигра утре на Арената Филип II од 14 часот.
”Вирусот” кој го зафати нашиот табор е зад играчите, па речиси сите играчи се фит за утрешниот натпревар, и се подготвени да го дадат својот максимум,  да издвојуваат значајна победа во борба за титулата.

Терминот за одигрување е малку поразличен од останатите мечеви на Вардар кој ги одигрува за викенд, но што е тука е, сите љубители на фудбалот и на Вардар ги повикуваме, заедно утре да го проследиме Европскиот Вардар по пауза од три месеци.

Билет за натпреварот ќе чини 100 денари за Север, и 50 запад. Билетите за север се продаваат во Мк.тикетс, и непосредно пред мечот, на самиот влез помеѓу Северната трибина.

Фото:fkvardar.mk