Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ана Станикевска: За прв натпревар мислам дека добро одигравме

Ана Станикевска: За прв натпревар мислам дека добро одигравме

Жрк Вардар-кадетки со победа го започнаа вториот дел од сезоната, против екипата на Делчево. Натпреварот заврши со резултат 19:30. Само по првото полувреме постоеше неизвеснот за тоа кој ќе биде победник.

77

-Првото полувреме беше израмнето. Постојано имаше пресврти во резултатот, поведувавме и ние и противникот, за на крајот од првото полувреме да биде нерешено. Во вториот дел многу се поправиве и во нападот и одбраната. Ја покажавме нашата колективност и тимска игра. Игравме многу подобро, предноста постојано растеше, за на крај да забележиме убедлива победа.

Анастасија Николовска беше најдобар стрелец со 7 постигнати гола. Ангела Карчева, Ана Станикевска, и Александра Вељаноска постигнаа по 4 гола.

-Лично од мојот настап сум задоволна, но секогаш може и подобро. Како за прв натпревар, мислам дека покажавме добра игра, но ќе се стремиме во иднина да ги поправиме грешките, да ја подобриме играта и да растеме како екипа. Од натпревар во натпревар да бележиме позитивни резултати, и на крајот на сезоната да завршиме на првото место, изјави Ана Станикевска за Вардарфанс.

Звонко Ивановски