Црвено-црните имаат импресивни бројки во новата натпреварувачка сезона, кои не се поразени во сите натпреварувања. Почнувајќи од дуелите со Апоел во квалификациите за лигата на шампиони, па се до последниот дуел против Пелистер во купот, екипата сеуште нема доживеано неуспех. Тука се и натпреварите во првата Македонска фудбалска лига, националниот куп, пријателските мечеви и супер купот на Македонија. Да потсетиме дека на двомечот со Кипрјаните, шеф на стручниот штаб беше Сергеј Андреев, кој доби отказ неколку дена после елиминацијата од Апоел. За нов тренер беше назначен тогашниот спортски директор Гоце Седлоски, кој ја започна одисејата, против Љубанци на пријателски натпревар, кој се играше на теренот во Аеродром.
Ви ги презентираме сите резултати, почнувајќи од средината на месец јули, од тогаш црвено-црните одиграа 18 натпревари и забележаа 13 победи, 5 нерешени резултати и ниеден пораз.
Второ квалификациско коло за лигата на шампиони:
Апоел (Кипар) – Вардар 0:0
Вардар- Апоел 1:1
Мечеви во ПМФЛ:
1 коло: Вардар – Шкупи 2:2
2 коло: Шкендија – Вардар 1:3
3 коло: Вардар – Младост Ц.Д. 6:0
4 коло: Вардар- Металург 1:0
5 коло: Брегалница- Вардар 0:2
6 коло: Вардар- Турново 5:1
7 коло: Ренова- Вардар 0:0
8 коло: Вардар- Работнички 2:1
9 коло: Силекс- Вардар 0:3
Куп на Македонија:
1/16 Кожуф – Фк Вардар 0:1
1/8 Вардар- Пелистер 4:1
Пријателски натпревари:
Победа – Вардар 0:3
Вардар- Љубанци 2:1
Вардар- Скопје 1:0
Македонија Ѓ.П. – Вардар 1:3
Супер куп на Македонија:
Вардар- Работнички 1:1 ( 4:3 на пенали)
фото:фквардар.мк