Фудбалерите на нашиот црвено-црн колектив од 20-ти месецов престојуваат во познатиот зимски центар за подготовки Анталија во Република Турција. Вардарци се сместени во луксузниот хотелски ресорт „Калиста“ кој е база на црвено-црните за одработување на тренизите. Вардар вчера го имаше во Анталија и првиот тест со австрискиот бундеслигаш Волфсбергер, мечот го добивме со 3-2. За нас стрелаа на истиот Попов во 33 минути и “новаците“ Ќеран во 68 минута и Нимани во 71 минута од дуелот.
Видеото од мечот со австрискиот бундеслигаш Волфсбергер може да го погледнете (ТУКА) . За избраниците на Гоце Седлоски, шефот на стручниот штаб на црвено-црниот македонски шампион нема многу одмор, тие веќе утре ќе го играат и вториот контролен-натпревар на овие зимски подготовки во Анталија. Утре ќе играме дуел со швајцарскиот тим Вил 1900, мечот е закажан во 14-00 по Македонско време. За место на одигрување по договорот помеѓу двата тима е одреден теренот “ WOW Center Lara“, а од утрешниот меч како и од вчерашниот ќе има директен видео стрим во живо за следење на возбудувањата од Турција.