Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > И ова дерби на колото, без директен ТВ пренос
И ова дерби на колото, без директен ТВ пренос

И ова дерби на колото, без директен ТВ пренос

Дербито на колото, помегу најголемите претенденти за титулата оваа сезона Шкендија и Вардар, утре ќе ги одмерат силите за прв пат оваа година. Натпреварот ќе се одигра со почеток во 17 часот и 30 минути во Куманово, каде Шкендија ќе биде домакин на овој дуел.

За жал дербито на ова коло, нема да оди низ директен пренос на некој од нашите ТВ канали. Сеуште нема договор помегу Фудбалската Федерација и ТВ куќите за пренесување на натпреварите во ПМФЛ и оваа сезона. Останува утеха само директните линкови на официјалните страни на Фудбалските клубови Вардар и Шкендија. Тоа ќе биде единствен начин за да го проследите овој дерби натпревар, преку малите екрани.