Трета победа од исто толку натпревари за нашиот шампион во оваа пред подготвителна сезона. По победата над турскиот вицешампион, после победата над Партизан на Кањижа купот, денес беше совладана и екипата на Горење од Словенија. Натпреварот заврши со победа на нашиот тим од 30:24 (16:8)
Најдобар стрелец во нашиот тим беше Алем Тоскиќ со шест погодоци, пет даде Данил Шишкарев, а четири Филип Лазаров.
Сега нашиот тим го очекува пресметка во финалето на Кањижа купот, против унгарската екипа Пик Сегед или Нексе oд Хрватска.