Македонската кадетска репрезентација го доживеа вториот пораз на Европското првенство за девојки до 17 години, кое во наредниов период ќе се игра во Скопје. Подобри од нашата селекција беа Словенките. Во второто полувреме се доближивме на предноста на противникот благодарение на одличните одбрани на Јована Мицевска. За 20 минути поминати на теренот, успеа да забележи 8 успешни интервенции. Дефинитивно нејзините одбрани не вратија во игра, но Словенија повторно се одлепи на голема позитива и на крај сосема заслужено победи.
Мицевска брани во младинските категории на Вардар( кадетки и младинки). Имаше можност изминатата сезона на неколку наврати да застане на голот и на првиот тим и да соработува со имиња како Суслина и Лејно. Во неа се гледа голем потенцијал на голманската позиција, која во иднина треба да биде главна и во сениорската репрезентација. Јована доби награда за најдобар голман на турнирот-“Вардар еден живот,една љубов“ , кој се играше во месец јануари оваа година.