Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вељаноска од Вардар прогласена за најдобар играч, на натпреварот со Словенија
Вељаноска од Вардар прогласена за најдобар играч, на натпреварот со Словенија

Вељаноска од Вардар прогласена за најдобар играч, на натпреварот со Словенија

Нашите црвено-црни девојки не престануваат да не изненадуваат. По европското првенство за младинки во Валенсија каде во изборот за најдобри ракометарки, доминираа Вардаровите, истото се случува и на ЕП за кадетки во Скопје. На натпреварот со Словенија за најдобар играч во Македонската репрезентација беше избрана Александра Вељаноска, која доаѓа од редовите на Вардар.

Вељаноска настапува за младинските категории на Жрк Вардар, а има исто така запишано настапи и за првата екипа.На вчерашниот натпревар со Словенија, оваа девојка беше најефикасна во нашиот состав со 5 постигнати голови. На крајот сосема заслужено беше прогласена за најдобар поединец во нашата селекција. Очекуваме и во следните мечеви добри игри од нејзина страна и повеќе вакви награди.