Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Горење Велење, прв вистински тест за Вардарци
Горење Велење, прв вистински тест за Вардарци

Горење Велење, прв вистински тест за Вардарци

Денес со  почеток од 18 часот ќе се одигра и вториот натпревар во групата, помеѓу екипите на Горење и Вардар. Словенскиот вицешампион ќе биде вистиски тест за екипата на Вардар. Горење е речиси истата екипа од минатата сезона, со мали промени во играчкиот кадар. Единствено кој си заминаа се Лука Доболсек и Матич Врецар. Нови играчи се Анже Ратајец и Андрис Целминс. Тренер на екипата е Грегор Цвијиќ.

Минатата сезона оваа екипа направи голем успех во ЕХФ купот, каде беше дел од завршниот турнир на најдобрите четири екипи во Европа. На Ф4 турнирот забележаа два минимални порази од освојувачот Фуксе Берлин и од Дански Скјерн. Во првенството ја загубија битката за титулата со својот најголем конкурент. Во финалната серија беа поразени од тимот на Целје Пивоварна Лашко. Претходно во полуфиналето беа подобри од Марибор Браник. Најголемата опасност на денешниот натпревар за Вардар, ќе доаѓа од бековите Стас Скубе и Нејц Цехте.

Нашиот шампион е голем фаворит на овој дуел, кој треба да го потврди и на теренот. Победникот од овој меч, утре ќе игра во финалето на турнирот. Претходно забележавме две победи, против Партизан и Нилуфер.