Екипата на Жрк Вардар го одигра вториот контролен натпревар на мини турнејата во Франција. Првиот од трите предвидени натпревари со Флери, го доби францускиот шампион. Според резултатот се гледа дека тоа било еден тесен и незивесен натпревар до самиот крај. Конечниот резултат бил 25:23. По првото полувреме нашиот шампион имал предност од 10:12. Сепак на крај поснаодливи биле Флери, кои забележаа победа на првиот контролен натпревар помеѓу овие две екипи.
Ваквите натпревари се важни за избраничките на Кастратовиќ и Питлик, преку кои се воигруваат и ја темпираат формата за почетокот на сезоната во ЛШ. Најдобриот стрелец минатата сезона Андреа Пенезиќ беше најефикасна со 10 голови, Лекиќ даде 5 и Лазовиќ 3 погодоци. Вториот меч, против истиов противник ќе се одигра утре со почеток од 16:30 часот. Веќе забележавме еден триумф во Франција, против екипата на Мио Бигано.