Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите со бод од Прилеп, Победа и Вардар одиграа без победник
Пионерите со бод од Прилеп, Победа и Вардар одиграа без победник

Пионерите со бод од Прилеп, Победа и Вардар одиграа без победник

Пионерите со бод од Прилеп, екипата на Победа постигна сомнителен гол во последните минути од натпреварот.

Денес на игралиштето со вештачка трева во Прилеп, натпревар од вонредното 10.коло во пионерската Супер Лига одиграа екипите на Победа и Вардар, кој заврши со нерешен резултат 1:1.

Избраниците на Герасимовски успеаа уште во 2.минута од натпреварот да го отворат резултатот со голот на Давор Лефковски, кој беше најснаодлив во противничкиот шеснасетник после нафрлена топка од слободен удар, за предност од 0:1.

Вардар можеше предвреме да го реши натпреварот, со оглед дека имавме шанси преку Михаил Танчев и Хабиб Бектеши, кој промаши стопроцентна прилика, а кога шансите не се искористуваат во фудбалот стигнува казната. Победа го израмни резултатот во 89 минута после една нафрлена топка во нашиот шеснаесетник, имаше фаул над нашиот голман, Краљевски, кој главниот судија не го свирна, па речиси им подари гол на прилепчани за израмнување на 1:1. Црвено-црните веќе во следната минута имаа можност да вратат, но Танчев не искористи добра прилика за победа. На крајот поделба на бодовите за двете екипи.

Вардар: Максим Краљевски, Мичо Поповски, Лука Атанасовски, Димитар Порчу (К), Марко Николовски, Давор Лефковски, Михаил Танчев, Хабиб Бектеши, Дамјан Алексовски, Матеј Ѓорѓиевски и Александар Миовски.

Играа уште и Давид Цековски, Дарис Грбовиќ и Максим Цониќ.