Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Натпреварите на пионерските екипи против Милано завршија со нерешен резултат
Натпреварите на пионерските екипи против Милано завршија со нерешен резултат

Натпреварите на пионерските екипи против Милано завршија со нерешен резултат

Пионерските екипи на ФК Вардар одиграа со нерешен резултат, на денешните натпревари од 13.првенствено коло кои се одиграа во Куманово.

Помладите пионери на Милано и Вардар одиграа со резултат 2:2 (2:1). Екипата на Милано прва успеа да го отвори резултатот со гол во 15.минута од натпреварот, но нивната радост не траеше долго време, со оглед дека во 19.минута ние израмнивме со голот на Антонијо Крстевски. Во 41.минута, домашниот тим ја врати предноста и успеа да поведе со 2:1, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел, вардарци имаа неколку шанси, а една од нив искористија во 70.минута кога Фуад Керими го израмни резултатот на 2:2, кој беше конечен на крајот.

Вардар: Јован Ѓорѓиевски, Мичо Поповски (К), Алексеј Ивановски, Марко Крстевски, Петар Котевски, Иван Блажевски, Михаил Јорданоски, Ненад Стојанчевски, Антонијо Крстевски, Бобан Бакрачески и Филип Дамевски.

Играа уште и Лука Јаневски, Фуад Керими, Кристијан Каруловски и Филип Стефанов.

Натпреварот на пионерските екипи заврши со почетните 0:0.

Во првото полувреме се играше постојано пред голот на домаќинот но без конкретна закана , бележиме само една нафрлена топка од Танчев, но Цониќ за малку не ја зафати со глава.

Во второто полувреме бележиме два шута на Танчев , едниот заврши преку гол а вториот крај голот на домаќинот. Во меѓувреме Милано ја погоди пречката од нашиот гол . На крајот бележиме голема шанса за нас но Матеј Анастасов не се снајде најдобро во шеснаесетникот на противникот, па натпреварот заврши со поделба на бодовите.

Вардар: Краљевски Максим, Смиљков Филип, Шаботиќ Емир, Алексовски Дамјан, Туша Харбин, Цониќ Максим, Танчев Михаил, Николовски Марко, Хасиќ Мирза, Ѓорѓиевски Матеј и Бектеши Хабиб.

Играа уште: Цековски Давид, Анастасов Матеј и Миовски Александар.