Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Младинките убедливи против ЖРК Сани
Младинките убедливи против ЖРК Сани

Младинките убедливи против ЖРК Сани

Вардаровите младинки денес ја пречекаа екипата на РК Сани 2014 на дуел од групата-А, на ова средба девојките на Царчев дојдоа до победа со резултат 43-21.

Двата тима започнаа со по еден гол во двете мрежи  за почетни 1-1 на самиот стар. Потоа следеа минути на црвено-црните дами кои влегоаа во серија  и со серија 9-3 се одлепивме на шест плус, 10-4.  Имавме целосна контола и во продолжение на првиот дел, на одмор заминавме со седум гола повеќе, на семафорт во салата „Круме Кепески“ стоеше 19-12 за нас.

Во вториот период  кормиларот на вардарки,  Александар Царчев  даде прилика на целиот ростер ние од минута во минута ја зголемувавме предноста и го полневме голот на гостинот од Охрид. Победивме со високи 22.гол повеќе, односно со резултат 42-21.

Прв стрелец беше Бојана Радевска со 10.гола,  а пак Равојска Јана имаше 7.погодока. На голот Ѓорѓиевска Вероника сопре 7.топки, Марија Галачева исто така имаше 7.интервенции, а Тамара Ѓорѓиевска сопре  5.удара.