Три генерации на фудбалскиот клуб Вардар, во периодот од 7-11-ти февруари беа дел од силниот меѓународен турнир “Пирин Куп“. На истиот прво место освои генерацијата родени “2006“ година, додека генерацијата “2008“ го освои второто место. Генерацијата “2007“ на крајот заврши на четвртото место. Трофеите за освоеното прво и второ место, како и дипломите ги примија капитените на двете генерации, Дарко Сековски и Ненад Дамјаноски.
Неколку фотографии од свеченото доделување на трофеите за генерациите на ФК Вардар, кои освоија прво и второ место.