Шампионот на Македонија наголемо се подготвува за можеби најважниот дуел оваа сезона во ПМФЛ. Во среда „црвено-црните“ ќе заминат за Тетово со една цел, победа и докажување по којзнае кој пат дека и оваа сезона се најдобриот тим во нашата лига и се зрели за одбрана на титулата.
Во Тетово е секогаш тешко за игра, но токму овие играчи на Вардар знаат како да одиграат и да земат сосебе големи три бода. Во Тетово сме победиле многу пати, нека биде така и во новата календарска година.
Очекуваме и новите засилувања да имаат голем придонес на дуелот в среда, посебно мислиме на Битанг и Попзлатанов кои се подготвени да дебитираат на официјален натпревар во новиот „црвено-црн” дрес.
Натпреварот в среда започнува од 14.00 часот.