Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Толку од Хамбарџумјан, спогодбено ќе биде раскинат договорот
Толку од Хамбарџумјан, спогодбено ќе биде раскинат договорот

Толку од Хамбарџумјан, спогодбено ќе биде раскинат договорот

Помирување на релација Јаневски – Хамбарџумјан дефинитивно нема па така ќе биде спогодбено раскинат договорот со Хофханес Хамбарџумјан.

Хамбарџумјан како и што објавивме пред неколку денови, тренираше одвоено со младите надежи на Вардар во Академијата што беше доволен знак дека играчот е на прагот да си замине од тимот на Вардар.

И пак “црвено – црните” прават грешка, доколку не сметаа на Хоф требаше да се обидат да го продадат, вака излегува дека уште еден квалитетен играч си заминува од таборот на Вардар со спогодбен раскин на договорот.

Официјална потврда од ФК Вардар се очекува во секој момент.