Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес и Војводиќ: Целје е млада и искусна екипа треба да внимаваме
Гонзалес и Војводиќ: Целје е млада и искусна екипа треба да внимаваме

Гонзалес и Војводиќ: Целје е млада и искусна екипа треба да внимаваме

За Вардар следен предизвик е дуелот во СЕХА Газпром лигата против поранешниот европски првак Целје. Мечот се игра утре, вторник во 20,45 часот (МТВ пренос). Нашите момци веќе   имаат обезбедено пласман на Ф4 турнирот во регионалното натпреварување. Екипите  Вардар и Целје ќе се сретнат  четврти пат  во СЕХА лигата, а досега нашиот првак трипати беше подобар. Во есенскиот дел од сезоната Вардар победи во Словенија со 31-29. Тренерот на црвено-црните и младиот среден бек на вардарци за овој дуел велат:

Раул Гонзалез -Целје е добра екипа со млади играчи, и играчи кои исто така имаат искуство. Натпреварот е тежок, зашто тие играат брз центар. Треба да се биде спремен на таквата игра. Очекувам добар натпревар. Ние имаме стабилност и треба да играме добро, но и да се искористи мечот, да се чувствуваме подобро и да се воиграме подобро. Имавме долга пауза, и сега ни требаат натпревари

Јања Војводиќ – Би се сложоил со тренерот дека Целје е млада и искусна екипа. Покрај нас, Мешков и Загреб, и Целје е претендент за пласман на Ф4 и за освојување на трофејот. Имавме проблеми со нив во првиот дел од сезоната. Тоа треба да ни биде поука како треба да играме.