Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар останува лидер но сега со еден бод повеќе од Нант
Вардар останува лидер но сега со еден бод повеќе од Нант

Вардар останува лидер но сега со еден бод повеќе од Нант

Се одигра комплетното единаесетто коло во групата А во Лигата на шампионите во којa се наоѓа нашиот Вардар. По оваа одиграна прва рунда во новата календарска година, Вардар останува лидер на табелата но овој пат не со три, туку со еден бод повеќе од тимот на Нант.

Вардар со поразот од Барселона и со победата на Нант над Кристијанштад, останува прв а разликата сега се стопи на само еден бод повеќе. На третата позиција на табелата останува Барселона но сега со 14 бодови, четврти е тимот на Рајн – Некар кој овој викенд забележа неочекуван пораз од следниот противник на Вардар, тимот на Пик Сегед со резултат 35:37, унгарците се наоѓаат на петтата позиција со сега веќе 11 бодови, следуваат Висла Плоцк и Кристијанштад со по шест, односно ППД Загреб кој е последен со само четири освоени бодови.

Двојките за следното коло кое се игра престојниов викенд се:
Вардар – Пик Сегед
Барселона – Висла Плоцк
ППД Загреб – Нант
Рајн Некар – Кристијанштад