Претстојниов викенд започна пролетниот дел во ракометната “Јуниор“ лига. Во С.Р.Ц. Кале во текот на вчерашниот ден се одиграа два натпревари, во женскиот дел кај генерацијата родени 2004/05 година.
Екипата на Делчево-Вардар немаше никакви проблеми да слави во дуелот со екипата на РК Филип Вардар од Прилеп. Полесно од очекувањата избраничките на Горан Велков славеа убедлив триумф со резултат од 20:1. По првото полувреме беше 10:0 во корист на Делчево. Серијата продолжи и во второто полувреме, кога Делчево постигна нови девет последователни голови, за убедливи 19:0. Конечно во последните минути од дуелот гол прв на натпреварот за прилепчанки, за да на крајот конечениот резултат да гласи 20:1.
Победа во истава генерација забележа и екипата на РК Вардар – Виница, која беше подобра од ОПШ.Кисела Вода Вардар. Во првото полувреме гледавме мал број на погодоци, кога Виница имаше предност од 4:3, откако на стартот на натпреварот во два наврати во водство се најде екипата Кисела Вода.
Прашањето за конечниот победник беше решено, кога Вардар – Виница направи серија од 4:0 и се одлепи на солидна предност од 7:3. До крајот само ја зголемуваа разликата и на крајот славеа со резултат од 11:5.