Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > (ФОТО) Вардар доминантно го освои турнирот “Гази Баба куп 2017“ кај генерација “2005“, прво и трето место за нашите надежи предводени од искусниот стратег Андовски
(ФОТО) Вардар доминантно го освои турнирот “Гази Баба куп 2017“ кај генерација “2005“, прво и трето место за нашите надежи предводени од искусниот стратег Андовски

(ФОТО) Вардар доминантно го освои турнирот “Гази Баба куп 2017“ кај генерација “2005“, прво и трето место за нашите надежи предводени од искусниот стратег Андовски

vardarfans-naslovnaГенерацијата на ФК Вардар родени “2005“ година се освојувачи на силниот меѓународен турнир “Гази Баба куп 2017“ кој изминативе три дена се играше на терените на ФФМ и теренот на академијата на ФК Вардар. Нашите млади надежи и тоа од Вардар (1) во големото финале го надиграа тимот на Работнички, додека третото место им припадна на братскиот Вардар (2) кој во малото финале беше подобар од ГФК Неготино.

vardarfans-1

Вардар (1) заслужено стигна до првото место на турнирот, со оглед дека доминираше на сите натпревари, како во групната фаза, така и во елиминациските мечеви. Денес на теренот играше само една екипа, а тоа беа избраниците на Ане Андовски, кои само по неколку минути игра го отворија резултатот. Голеадата ја отвори Тино Спасиќ, кој го отвори резултатот за предност од 1:0. Сите дилеми околу победникот беа решени уште по првото полувреме, кога црвено-црните имаа преност од 4:0, што беше и конечен резултат на крајот од натпреварот.

vardarfans-radost-1

Набргу стигна и вториот гол на натпреварот, а прв за Симеон Здравковски, кој зголеми на 2:0. Тино Спасиќ денес одлично ја одигра улогата на голгетер и со својот втори гол му донесе водство на Вардар од 3:0. Голеадата во првото полувреме ја затвори Филип Јовановски, кој одлично се ослободи од противничкиот дефанзивец, а во завршниот удар успешно стрелаше и погоди за предност од 4:0. Во првото полувреме за одбележување се шансите на Величковски кој биеше над голот и на Курти кој шутираше само во рацете на добро поставениот голман на Работнички.

vardarfans-mec-1

Во второто полувреме, Вардар имаше контрола на резултатот и играта повеќе се одвиваше на средината на теренот. Противникот речиси и да не создаде посериозна прилика, додека Вардар играше смирено без поголем напор. На крајот сосема заслужен триумф и прво место за Вардар (1) во оваа возрасна генерација.

vardarfans-2

Вардар (2) стигна до бронзениот медал, со победата во малото финале против ГФК Неготино. Тука имавме одлично прво олувреме, кога ја направивме и разликата во резултатот. Резултатот го отвори Филип Радевски за 1:0, додека до крајот на првото полувреме погоди и Ѓорѓи Дошев за 2:0. Со овој резултат се замина на полувреме. Во второто полувреме Неготино постигна почесен гол и намали на 2:1, што беше и конечен резултат. Црвено-црните имаа одлична шанса преку Дарко Сековски, кој од слободен удар ја погоди пречката од голот на Неготино. На крајот победа и трето место за Вардар (2).

vardarfans-igra-2

На крајот беа доделени медалите и трофеите за најдобрите екипи. Имаше и поединечни награди. Никола Величковски од Вардар беше прогласен за најдобар стрелец, додека Матеј Гаштаров е најдобар играч на целокупниот турнир во генерацијата родени “2005“ година.

vardarfans-pehar-za-1 vardarfans-pehar-za-vardar-2 vardarfans-zaednicka-1 vardarfans-zaednicka-generacija vardarfans-nagradi