Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ибиши и Димоски надвор од терените во следните 4 недели, двајцата се повредија при настапи за репрезентацијата до 19 години
Ибиши и Димоски надвор од терените во следните 4 недели, двајцата се повредија при настапи за репрезентацијата до 19 години

Ибиши и Димоски надвор од терените во следните 4 недели, двајцата се повредија при настапи за репрезентацијата до 19 години

Фудбалскиот клуб Вардар во сабота ги продолжува натпреварите. Во рамките на 5.коло од ПМФЛ, на градскиот стадион, Вардар е домаќин на новиот прволигаш, Струга Трим Љум.

За овој дуел, шефот на стручниот штаб, Александар Васоски нема да може да смета на услугите на младите, Џемал Ибиши и Бојан Димоски. Двајцата се здобија со повреди, играјќи за македонската селекција до 19 години, на пријателските мечеви против Бугарија.

И двајцата имаат скршеници на коски, Димоски има скршено коска над палецот, додека Ибиши од десната страна на стапалото. Дополнителените лекарски прегледи говорат дека двајцата играчи ќе бидат надвор од терените во следните 4 недели. На контролниот меч со Македонија Ѓ.П не настапи ниту Леонид Игнатов кој се повреди на тренинг, но прегледите покажаа дека не се работи за скршеница, па младиот офанзивен играч тренира со екипата.

Ибиши и Димоски беа важен дел од составот на Вардар оваа сезона. Ибиши го постигна победничкиот гол против екипата на Ренова и заедно со Колевски се единствените наши шпиц напаѓачи, додека Димоски најчесто беше резервна варијанта во средниот ред за Али Адем. Нашата редакција им посакува побрзо опоравување и враќање на терените, со цел да му помогнат на овој млад состав на Вардар за што подобри резултати во домашните натпреварувања.