Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Денес стартува новата сезона во ЛШ, Вардар го брани тронот
(ВИДЕО) Денес стартува новата сезона во ЛШ, Вардар го брани тронот

(ВИДЕО) Денес стартува новата сезона во ЛШ, Вардар го брани тронот

Со натпреварот вечерва помеѓу екипите на Кокс и Савехоф стартува новата сезона во Лигата на Шампионите. Тоа е меч од послабата група Ц кој започнува од 18:00 часот.

Од ЕХФ со посебно ВИДЕО во кое има инсерти од минататата сезона го најавуваат стартот на новата сезона, а во последниот дел од видеото доминира Вардар, кој успеа по втор пат да ја подигне Европската титула.

Во сабота, Вардар го започнува одбраната на тронот во ЛШ, со гостување кај екипата на Монпелје. Вардар повторно не е сместен меѓу главните фаворити за ЛШ, нешто што беше навика на ЕХФ во претходните сезони, се надеваме дека и оваа сезона ќе направат грешка во својата анализа, па повторно црвено-црните ќе ги видиме во Келн.