Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Во сабота Вардар Јуниор ќе гостува на екипата на Металург
Во сабота Вардар Јуниор ќе гостува на екипата на Металург

Во сабота Вардар Јуниор ќе гостува на екипата на Металург

Екипата на Вардар Јуниор во сабота ќе го одигра 2.коло во рамките на Супер машката лига.

Избраниците на Стојан Петрушевски во сабота гостуваат на екипата на Металург, натпревар кој ќе се одигра во спортската сала во населбата Автокоманда. Металург е фаворит на натпреварот, додека младите вардарци ќе се обидат да изненадат. Во првото коло Вардар Јуниор претпре пораз од Радовиш, додека Металург го победи „братскиот“ тим на Металург 2.

Мечот е закажан да се одигра со почеток од 18:00 часот. Судиската двојка ја сочинуваат Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. За делегат на натпреварот е одреден Ацо Николовски.