Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Елитен ракомет одново за сите љубители, МРТВ со директен пренос од Франција!!
Елитен ракомет одново за сите љубители, МРТВ со директен пренос од Франција!!

Елитен ракомет одново за сите љубители, МРТВ со директен пренос од Франција!!

Лигата на шампионите за Вардар почнува по три дена со гостување кај бившиот европски шампион Монпелје. Со оглед на фактот дека за Франција нема да патуваат капитенот Стоилов и најзвучното засилување Толедо, а Скубе не е на 100%, тогаш фаворитската улога на овој натпревар му се препушта на домашниот тим, кој по подолго време во тимот ќе ги има сите играчи на располагање.

Но, Вардар е европски шампион па класата ќе треба да ја докажува уште еднаш, иако во тимот ќе му недостасуваат неколку квалитетни имиња.

За натпреварот да биде уште по интересен, сите оние кои немаат Арена Спорт, овој натпревар ќе можат да го проследат со директен ТВ пренос на МРТВ – 1. Дуелот в сабота, започнува со почеток од 17-15 часот.