Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Момците на Будимир и Станковски убедливи на тест-мечот против Пролет
Момците на Будимир и Станковски убедливи на тест-мечот против Пролет

Момците на Будимир и Станковски убедливи на тест-мечот против Пролет

Во малата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански” во Скопје пријателски тест натпревар одиграа младинците на РК Пролет и кадетскиот тим на Вардар Јуниор. Победата беше резервирана за помотивираниот состав на црвено-црните кои триумфираа со 14 гола повеќе.

Момците на Будимир и Станковски уште на почетокот ја имаа иницијативата на овој дуел. Одиграа подобро во првиот дел и заслужено заминаа на одмор со предност од четири гола. На семафорот за време на паузата стоеше 15-11 за вардарци. Во вториот дел нашите кадети доминираа во сите аспекти на ракометната игра. Постигнаа повеќе од двојно голови од ривалот, па предноста нарасна за нови десет погодоци, ние триумфиравме со резултат 34-20.

Ова беше еден од последните тестови за нашиот тим, веќе следниот викенд на 21/22.септември тие го започнуваат првенството.