Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Прашања кои го мачат ЕХФ, дали „новиот“ Вардар може да ја одбрани Европската титула
Прашања кои го мачат ЕХФ, дали „новиот“ Вардар може да ја одбрани Европската титула

Прашања кои го мачат ЕХФ, дали „новиот“ Вардар може да ја одбрани Европската титула

Во сабота, Вардар ќе ја започне одбраната на Европската титула, со гостување кај екипата на Монпелје од Франција.

Пред стартот на новата сезона, од ЕХФ направија анализа за нашиот Шампион, дали ќе може да го повтори успехот и повторно да ја освои Лигата на Шампионите. Беа наведени неколку клучни прашања за „новиот“ тим на Вардар во пресрет на новата сезона во најголемото ракометно натпреварување.

- Може ли новиот тренер Писонеро да стане третиот шпански тренер кој ќе ја освои титулата со Вардар ? 

-Давид  Писонеро им се придружи на престолонаследниците како трет тренер од Шпанија по ред, после Раул Гонзалез и Роберто Гарсија Парондо, кои двајцата го водеа тимот до титулата, во 2017 и 2019 година.

-Вистинскиот предизвик за поранешниот тренер на Ваљадољид ќе започне веќе во групната фаза, бидејќи Вардар ќе игра со старите познаници, Веспрем, Киелце и Монпелје, пишуваат од ЕХФ.

- Како Вардар ќе се справи со заминувањето на клучните играчи од минатата сезона?

-Заминаа не помалку од девет играчи, меѓу кои и Дејан Милосављев и Игор Карачиќ. Со текот на годините, Карачиќ израсна како еден од столбовите на тимот, додека дебитантот Милосављев ја заврши сезоната како ѕвезда на голот на Вардар. 

-Со неколку нови потписи, Вардар ги замени овие играчи, а новиот тренер Писонеро е уверен дека новите засилувања брзо ќе се прилагодат на неговиот играчки систем.

- Може ли Вардар четврти пат по ред да стигне до Келн?

-Секогаш велам дека е многу потешко да се одбрани, отколку да се освои Лигата на Шампионите. Бевме во оваа позиција порано, затоа мора да се однесуваме како шампиони на секој натпревар и тоа не е лесно. Нашата цел е секогаш иста, да стигнеме до завршниот турнир во Келн, а таму секогаш постои шанса да ја освоиш ЛШ, вели капитенот, Стојанче Стоилов.

Во центарот на вниманието ќе биде Даинис Кристопанс

-Откако му се придружи на Вардар во 2017 година, латвискиот репрезентативец стана клучен елемент во играта на македонскиот тим во изминатите две сезони.

-Кристопанс ја заврши минатата сезона како втор најдобар стрелец во Лигата на Шампионите со вкупно 94 постигнати голови. И оваа сезона очекуваме фокусот да биде на латвскиот „џин“ кој од следната сезона црвено-црние бои ќе ги замени со дресот на ПСЖ, се вели во анализата на ЕХФ.