Повозрасните генерации на фудбалскиот клуб Вардар од 10-ти јануари стартуваа со подготовки за пролетниот дел од сезоната. Кадетите и младинците од денес пак се преселуваат на спортскиот комплекс во населбата Хиподром, каде ќе останат во наредните 14 дена и ќе се подготвуваат за предизвиците кои им следат во вториот дел од натпреварувачката сезона. Во текот на целите подготовки ќе бидат сместени во спортскиот комплекс и ќе ги имаат сите потребни услови за тренажен процес, а ќе се тренира два пати дневно. Со оглед дека првиот тим заминува на подготовки во Анталија, комлексот во Хиподром се ослободи за работа.
Има мали промени во одност на тренерески ротации во овие повозрасни екипи на ФК Вардар. Така директорот на младинската школа. Бобан Бабунски ќе ги предводи младинците од клупата во пролетниот дел од сезоната, додека поранешниот тренер на оваа екипа, Петар Ѓорѓиевски ќе работи со пионерите на Вардар. Сашо Тодоровски останува тренер на помладите пионери, кои завршија како есенски шампиони, после одигрување на првиот круг на натпреварување.