Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Победи во 1.коло за дамите на РК Ѓ.Петров, РК Кале, РК Асови и РК Делчево Вардар на зимскиот вардаров турнир кај генер.2004/05
Победи во 1.коло за дамите на РК Ѓ.Петров, РК Кале, РК Асови  и РК Делчево Вардар на зимскиот вардаров турнир кај генер.2004/05

Победи во 1.коло за дамите на РК Ѓ.Петров, РК Кале, РК Асови и РК Делчево Вардар на зимскиот вардаров турнир кај генер.2004/05

Денес стартуваше Зимскиот турнир на Вардар „Еден живот, една љубов″ кој се одржува по четврти пат од формирањето на Ракометната академија Вардар. Денес се играат натпреварите во категоријата 2004/2005 кај женските и машките. Дамите играат во  салата на СЦ „Гоце Делчев″ во Илинден, веќе е одиграно првото коло кое се играше утрово по крајот на истото веќе се познати првите победници. Има осум учесници кои се поделени во две групи ( “А“ и “Б“), тие ќе одиграат денес три кола односно цела групна фаза. Екипите се поделени вака по групи:

budi-77

 

Одиграни се четири дуели по кој следи     кратка пауза и веднаш се игра второто коло. Во првото коло победи остварија екипите на: РК Ѓорче Петров Вардар, РК Кале Вардар, РК Асови Вардар и РК Делчево Вардар.

budi

  Во првиот дуел утрово се сретнаа, екипата на РК Будимир Вардар  и тимот на  РК Ѓорче Петров Вардар, бодовите на овој меч ги освои тимот од Ѓорче. Првиот дел односно првиот гол на турнирот го постигнаа дамите на Будимир кои поведоа со 1-0, на што противникот одговори со гол за изедначување 1-1. Ѓорче Вардар имаше повеќе од играта во првите 15.минути и успеа да замине на одмор со предност од пет гола, односно со резултат 2-7.
Вториот дел почна со гол за ѓорчепетровки кои поведоа со 2-8 на стартот. Следеше нивна серија од 0-4 со која во финишот влегоа со предност од 2-12, до крајот дамите на Будимир успеаа да намалат на 3-12, што се покажа како краен резултат.  Кежаровска Јована со четири гола беше прв стрелец кај победникот на овој дуел.

Сара Стефаноска со 10 гола го носеше Кале до триумф на овој дуел

Сара Стефаноска со 10 гола го носеше Кале до триумф на овој дуел

  Следен дуел на програмата беше тој помеѓу дамите на  ГРК Гостивар Вардар    и  РК Кале Вардар од Кичево. Победата на оваа средба ја однесе тимот од Кичево со резултат 22-11.  На почетокот кичевчанки отворија со гол за 0-1, а гостиварчанки успеаа да изедначат веднаш на 1-1. Од минута во минута носени на крилата на Сара Стефаноска, кичевчани го зголемуваа водството и на одмор заминаа со резултат 4-10.
Вториот дел почна со гол на Кале со кој поведоа со 4-11, нивната добра игра резулултираше со тоа да на средината од вториот дел се одлепат на “плус десет“, тие поведоа двоцифрено при резултат 7-17. До крајот се беше рутина на овој натпревар во кој РК Кале Кичево победи со 22-11. Сосема очекувано прв стрелец беше Сара Стефаноска со дури 10 гола,  кај поразениот тим Сара Премчевска погоди 4 пати.

budi2

Трет дуел кај дамите беше тој помеѓу РК Асови Вардар   и тимот на  РК Ангели Вардар, во овој дуел до победа дојде екипата на РК Асови од Кичево со убедливи 17-2. Натпреварот со погододок го отворија кичевчанки кои поведоа со 1-0 во првиот напад. Тие како поискусна екипа доминираа во речиси целиот прв период, поведувајќи на 3.минути до крајот со убедливи 7-0. Скопските девојки успеаа во последните две минути да постигнат почесен гол, тој беше прв и последен за нив кога намалија на 7-1. Асови мечот го однесоа на одмор со резултат 8-1.
По убедливиот прв дел вториот дел беше рутина за екипата од градот Кичево. Тие отворија со гол за 9-1, но веднаш потоа вратија РК Ангели Вардар со гол за 9-2. Тоа беше се што направија они во вториот дел. Со серија 8-0 екипата од кичево до крајот триумфираше со 17-2. Кај нив немаше изразит поединец, повеќе девојки стрелаа, па така  Мицковска, Николовска, Димитриевска, Најдеска, Вејселоска и Стојкоска постигнаа по два гола во оваа победа.

 Во последниот натпревар од 1.коло  кој беше вистинско дерби, екипата на РК Делчево Вардар       забележа победа  со пресврт во натпреварот со девојките на   РК Опш.К Вода Вардар  со резултат  18-17.  Први со гол дуелот   го отворија девојките   од Скопје на што делчевки одговорија со гол за 1-1. По овој резултат се до 6-6 во 12.минута, постојано едниот тим поведуваше со еден гол, а ривалот веднаш изедначуваше. Во последните минути со серија 0-3 Кисела Вода поведе со 6-9, но во финишот со два гола делчевки намалија на 8-9 и внесоа неизвесност. 
Вториот дел почна со  гол за “плус два“ за Кисела Вода која поведе со 8-10 во првата акција.  Се играше одличен дуел со многу дуели и цврста игра на двата женски колектива. Во игра гол за гол по осум пати двата тима постигнаа погодоци во ривалската мрежа. Па така во финишот влеговме со предност на скопјанки со резултат 15-17. Делчево направи вистинско чудо на крајот во последните минути недозволи нивната мрежа да биде погодена, а во напад погодија три пати доволно за пресврт и победа со 18-17.    Кај победникот Денка Спасевска беше одлична со 8 гола, Зорица Андовска кај поразените беше прв стрелец со 5 гола.