Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кањелас со Шпанија ја совладаа Унгарија и стигнаа до втората победа на ЕП
Кањелас со Шпанија ја совладаа Унгарија и стигнаа до втората победа на ЕП

Кањелас со Шпанија ја совладаа Унгарија и стигнаа до втората победа на ЕП

Шпанија за која настапува играчот на Вардар, Жоан Кањелас стигна до втората победа на ЕП, овој пат избраниците на Рибера беа подобри од селекцијата на Унгарија.

Иако Шпанија во еден момент имаше највисока предност од три голови, до истекот на првите 30 минути резултатот беше само 12:13 во корист на “фуријата“. Во првите шест минути се играше гол за гол, а Шпанија беше селекцијата која успева прва да поведе со два гола разлика (4:6). Сепак Унгарија пружаше силен отпор во овој дел од натпреварот и во еден момент успева да го израмни резултатот на 7:7. Шпанија во следниот период во два наврати имаше водство од три гола (7:10 и 8:11), но следеа фуриозни минути на Ингарците кога успеаа да го израмнат резултатот на 11:11. Сепак избраниците на Рибера на одмор одат со минимална предност од 12:13.

На три пати во второто полувреме, Унгарија го израмнуваше резулатот, од кои првото беше на стартот на второто полувреме кога беше 13:13. Шпанија имаше контрола на резултатот и не им дозволија на Унгарците да направат резултатски пресврт, иако таа предност ниту во еден момент не помина повеќе од два гола. На крајот заслужен триумф, кој е втор на ЕП за Шпанија, со конечен резултат 25:27.

Кањелас иако беше во составот не успеа да се запише во листата на стрелци. Во последното коло, Шпанија игра против Данска, кога ќе се знае која репрезентација колку бодови ќе пренесе во следната фаза.